Лапорта откри кој е единствениот услов на Меси за да остане

Жоан Лапорта кој неодамна се врати на претседателското место во Барселона, откри кој е условот на Лионел Меси за Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“. Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува на крајот од сезонава, а уште не е јасно дали Лео ќе реши да остане во клубот каде што ја помина целата кариера или ќе бара нов предизвик.

Лапорта откри дека за Меси било најважно да се направи тим кој ќе се бори за сите трофеи, како што беше до пред неколку сезони.

„Милам дека Лео го цени тоа што го правиме. Правиме се што можеме за да создадеме екипа која ќе може да освои сè. Меси сака да се чувствува сигурно во клубот. Тој сега повторно е насмеан. Неговото барање е едно. Сака да имаме екипа со која ќе може да освојува трофеи. Тоа е единственото негово барање“, открива Лапорта.

Првиот човек на Барселона искрено откри дека негова желба е да најде нов тренер, иако Роналд Куман има уште една година од договорот.

- Оглас -

Најнови вести