Лапорта откри драматични бројки за долгот што го има Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека долгот на каталонскиот гигант изнесува една милијарда и 350 милиони евра. Лапорта вели дека ова е многу сериозна ситуација за клубот, кој е во тешка финансиска ситуација.

Како главен виновник за овој долг Лапорта го посочи претходниот претседател на клубот Хосеп Бартомеу.

„Морав да свикам итна прес-конференција за да ги истакнам бројките и да покажам со какви проблеми се соочивме по доаѓањето во Барселона. Веднаш моравме да подигнеме кредит за да може да ги исплатиме палтите на фудбалерите. Потребни беа пари и за поправка на дел од стадионот. До денешен датум, долгот на клубот изнесува една милијарда и 350 милиони евра. Тоа навистина е загрижувачко“, рече првиот човек на Барселона, Лапорта.

Поради финансиската криза, Барселона летово не успеа да му го продолжи договорот на Лионел Меси, кој си замина од „Камп ноу“ по повеќе од 20 години поминати во клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести