Лапорта: Се надевав дека Меси ќе остане во Барселона да игра без пари

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, уште не може да престане да зборува околу Лионел Меси и неговото заминување од „Камп ноу“. Првиот човек на клубот вели дека во еден момент додека траеле преговорите, помислил дека Меси самиот ќе даде предлог да остане во Барселона за да игра без пари. На крајот тоа не се случи и Меси како слободен играч замина во Пари Сен Жермен.

„Премногу го сакам Меси за да можам да му бидам лут. Сепак, понекогаш се случуваат работи кои не може да ги спречите и тие се разочарувачки за двете страни. Лео имаше желба да остане, но знаеше дека ако тоа не се случи, ќе замине во ПСЖ. Меси е најдобриот фудбалер во историјата на Барселона. Не можев да го прашам дали ќе остане да игра бесплатно за Барселона затоа што не можете да го барате тоа од играч од негов калибар. Имав надеж дека можеби тој самиот ќе предложи да остане бесплатно, но ПСЖ врз него вршеше голем притисок. Јасно е дека Меси сакаше да остане, но, за жал, тоа не се случи“, рече Лапорта.

Без Меси во тимот, Барселона претрпе два убедливи порази во групната фаза од Лигата на шампионите и сега има само теоретски шанси да се надева за влез во нокаут-фазата. Тимот е далеку и од врвот во Примера дивисион во Шпанија, а дали може каталонскиот гигант да се врати во трка за титулата, ќе видиме на „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое се игра овој месец.

 

- Оглас -

Најнови вести