Лапорта со операција која ќе го потресе фудбалскиот свет!

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, започна операција која дефинитивно ќе предизвика земјотрес во фудбалот. Неговата намера е да ги спои двајцата најдобри фудбалери во последните 15 години, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Иако главна задача на Лапорта е да го задржи капитенот, кому соработката со Барса ќе му заврши по крајот на овој месец, првиот човек на Каталонците е убеден дека тоа ќе се случи во најскоро време, па си дозволи да сонува за ангажман на португалската суперѕвезда.

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона нема пари да го откупи Роналдо, па затоа на Јувентус ќе му понуди двајца до тројца играчи во директна размена, а тоа би биле Антоан Гриезман, Серхи Роберто и Фелипе Кутињо. На овој начин ќе се обезбедат средства за да се издржи договорот на Роналдо, а на „Камп ноу“ во исти дресови би заиграле виртуозите кои меѓу себе делат 11 Златни топки.

Со операцијата е запознаен и агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, но прашање е дали Кристијано повторно би заиграл за шпански гигант, а да не е Реал Мадрид. Роналдо е рекордер по бројот на голови за Кралевите и донесе бројни успеси на „Сантијаго Бернабеу“, а со евентуална преселба во редовите на лутиот ривал, би го навлекол гневот на мадридистите.

- Оглас -

Најнови вести