Лапорта со интересна прва одлука – ќе го смени името на екипата

Жоан Лапорта пред неколку дена убедливо победи на изборите за претседател на Барселона и по пауза од 10 години се врати на чело на каталонскиот гигант. Во првиот мандат како прв човек на Барселона, Лапорта оствари одлични резултати и затоа ја доби довербата, во надеж дека клубот повторно ќе се врати на шампионски патеки.

Според шпанските медиуми, Лапорта веќе има јасна визија за тоа како треба да изгледа клубот и структурата во него. Претседателот ќе се фокусира и на останатите екипи, а не само за првиот тим на Барселона. Според „Мундо Депортиво“, Лапорта ќе го промени името на Барселона Б. Во иднина, овој тим ќе се вика Барселона Атлетик, како што се викаше во периодот од 2008 до 2010 година.

Целта на Лапорта е повторно да се врати силата во школата „Ла Масија“, која во минатото даваше голем број квалитетни играчи кои го сочинуваа „костурот“ во првиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести