Лапорта тргна во офанзива: Ова е понудата за Меси да остане во Барселона

Жоан Лапорта тргна во офанзива да го оствари своето ветување кое го даде на вчерашна инаугурација за нов претседател на Барселона.

Повратникот на функцијата прв човек вети дека ќе направи сè за да го убеди Лионел Меси да остане во клубот, кој пак засега не ја менува својата одлука во потрагата по нов предизвик.

Како што известуваат шпанските медиуми, Лапорта во следните денови треба да се сретне со претставниците на капитенот. Најавената понуда е доживотен договор за Меси, но и 30 отсто намалување на моменталнта плата. Така најдобриот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант ќе биде осигуран и по завршувањето на кариерата, додека Лапорта со ова му ветува значајна функција во иднина.

Како што е познато, Барселона е заглавена во долгови поради загубите од пандемијата со корона-вирусот, па затоа меѓу условите за Меси да остане е и скратувањето на примањата, а прашање е дали ќе прифати.

- Оглас -

Најнови вести