Лапорта заплаче и му се извини на Меси

Жоан Лапорта од денеска и официјално е новиот претседател на Барселона. Лапорта доби убедливо најголема доверба на изборите кои се одржаа пред неклку дена и по пауза од десетина дена се враќа на позицијата прв човек на каталонскиот гигант.

На „Камп Ноу“ вечерва беше направена инугурацијата на Лапорта, а потоа претседателот имаше емотивен говор. Тој се потсети на смртта на неговиот татко, а потоа вети дека ќе ја врати Барселона во самиот врв на фудбалот, каде што ја остави за време на неговиот прв претседателски мандат.

„Во 2003 година сите бевме на истите места како сега. Тука беше и мојот татко, кој присуствуваше на инугурацијата. Не сте свесни колку тежок карактер имаше тој човек, но тогаш тој заплаче за време на мојот говор. Тоа многу ме погоди. Татко каде и да си горе на небото, те молам помогни ми повторно да ја направам истата работа за овој клуб на најдобар можен начин“, рече Лапорта.

Претседателот потоа зборуваше за неговите први идеи за клубот и му се извини на Лионел Меси што мора јавно да го спомене. Меси беше во салата.

„Ќе донесам важни одлуки. На пример, ќе го натерам Лео Меси да остане. Ќе го направам се тоа што е во моја моќ за Лео да остане со нас. Лео извини што вака јавно морам да те спомнат, но тоа е затоа што неизмерно те сакам и почитувам. Барселона те сака и те почитува“, кажа Лапорта, а потоа продолжи „Барселона секогаш била повеќе од клуб. Ние ја претставуваме Каталонија, ние сме симбол за Каталоците во светот. Стабилноста е клучот за сите работи. Кога ќе ја вратиме стабилната база на клубот, сѐ ќе тргне на подобро. Сакаме повторно да освојуваме трофеи во Лигата на шампиони. Роналде, ти знаеш дека ја имат мојата доверба. Веруваме во тебе“, заврши Лапорта со што даде до знаење дека тренер на екипата останува Роналд Куман.

 

- Оглас -

Најнови вести