Ларкин е незадржлив, го растури европскиот првак среде Москва

Заврши победничката серија на ЦСКА Москва, додека Анадолу ја продолжи на осум последователни победи во Евролигата со триумфот над актуелниот европски првак со конечни 82:80 среде Москва. Во репризата од минатосезонското финале, лидерот успеа да се реваншира за поразот кој го претрпе од Армејците во декември минатата година, што воедно беше нивен последен пораз во Евролигата.

Незадржливиот Шејн Ларкин повторно се истакна како клучен играч на гостите од Истанбул реализирајќи 23 поени и три асистенции. Анадолу уште на стартот од мечот ја презеде иницијативата, па по влезот во втората четвртина, имаа двоцифрена предност која ЦСКА ја анулираше во остатокот од средбата. Последните четири минути беа неивесни, се водеше битка за секоја топка при минимална предност на Анадолу, а со тројката на Бобоа гостите направија исчекор кон триуфмот и избегаа на +4 во последните 60 секунди.

Покрај Ларкин, расположен беше и Мициќ со 19 поени, додека Џејмс со 20 поени беше најефикасен од редовите на ЦСКА.

- Оглас -

Најнови вести