Лацио, Еспањол и Селта беа најголемите сопки за прогнозерите во 32-рото коло

Само двајца прогнозери погодија 10 парови во 32-рото коло на Спортска прогноза, но сепак учинокот не е доволен ниту за минимален подарок. Најголем дел од прогнозерите се сопнаа на дуелите Лацио – Милан, Селта Виго – Бетис и Еспањол – Леганес.

Дури 82.25% од прогнозерите типуваа „кец“ на Еспањол, но мечот заврши со резултат од 1-0 во корист на Леганес. За Лацио навиваа речиси 73% од учесниците, Милан изненади со убедливи 3-0. Малку повеќе од 75% од учесниците очекуваа Селта да го совлада Бетис, меѓутоа екипите ремизираа при конечни 1-1.

Иако колото број 32 беше доста незгодно со оглед на натпреварите, остануваат уште две шанси за прогнозерите да го зграпчат „ајфонот“, подарок кој може да се добие доколку се погодат сите 13 парови во последните две кола. Подоцна денеска, односно од 14 часот ќе можете да ги приложите прогнозите во претпоследното 33-то коло на Спортска прогноза.

Што се однесува за Генералниот пласман, Т. Христијан и натаму е лидер со 219 погодени парови, 15 повеќе од второпласираниот Д. Николче. Сè поизвесно е дека на Христијан ќе му припадне подарокот за прво место – ТВ смарт од 48 инчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести