Лацио игра шампионски, ни Пандев не успеа да и помогне на Џенова (Видео)

Лацио игра во шампионска форма и по 20-ти пат по ред остана без пораз во Серија А, а пред налетите на лацијалите денеска падна и Џенова.

https://www.youtube.com/watch?v=gZQDuRYczmg

Гостите од Рим победија со 3:2 со головите на Марушиќ, Имобиле и Каталди, а  погодоците за Џенова ги постигнаа Касата во 57. минута и Кришчито од пенал што го изнуди Пандев во 89. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=c7uxWFNE-Os

Горан Пандев влезе во игра во 58. минута, домаќините во тој момент губеа со 1:2, но не успеаја да освојат барем еден бод.

https://www.dailymotion.com/video/x7s4lv5

Каталди со прекрасен шут од слободен удар во 71. минута им донесе предност на гостите од 3:1, а Пандев успеа да изнуди пенал во самиот финиш, што Кришчито го претвори во гол за конечни 2:3.

По денешната победа Лацио повторно му се доближи на само еден бод разлика на актуелниот првак Јувентус.

https://www.youtube.com/watch?v=i__xVThaiBA

Џенова остана на 18. место со 22 бода, што е позиција која води во понизок ранг на натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=ECUz36vmjg8

- Оглас -

Најнови вести