Лацио ќе бара нов тренер, Сари си поднесе оставка

Маурицио Сари од денеска повеќе не е тренер на Лацио. Италијанскиот стратег денеска поднесе оставка откако синоќа Лацијалите загубија од Удинезе со 1:2 на „Олимпико“ во последниот меч од 28-мото коло во Серија А.

Лацио моментно се наоѓа на деветтото место на табелата со 40 освоени бода, седум помалку од шестата Аталанта.

Лацијалите се наоѓаат во црна серија од четири порази по ред во сите натпреварувања.

Лацио загуби на последните три меча во Серија А против Фиорентина (1:2), Милан (0:1) и Удинезе (1:2), а минатата недела загуби од Баерн Минхен со 3:0 во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, со што ги заврши и настапите во Европа.

Маурицио Сари од 2021 година седеше на клупата на Лацио, а најголемиот успех го доживеа минатата сезона, кога обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести