Лацио ќе се вади против Фиорентина

3004 Јувентус – Сасуоло (18.30 часот)

Јувентус има само четири бода повеќе од Сасуоло, но Старата дама влезе во посакуваниот ритам и почнува да фаќа приклучок со врвот, многу заостанува само зад Наполи и Милан. Јуве има четири победи, сите четири беа минимални. Сезонава сите гостувања на Сасуоло беа со три или повеќе голови и паѓаа голови на двете страни. Сасуоло на сите четири гостувања примаше по два гола, а Јуве има серија од пет меча по ред (три од Серија А и два од ЛШ) со 0-2 гола. Традицијата најавува ефикасен меч, а исклучува победа на гостите.

Предлог тип (квота на денот во Sport Life): 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1304 Мајорка – Севилја (19.00 часот)

По девет настапи, Севилја сезонава има примено само 6 гола, а Мајорка даде скромни 9 гола на 10 меча. Мајорка поради повреди нема да смета на Јапонецот Кубо и на Анхел, напаѓач кој даде гол во претходното коло. Севилја сезонава во Лигата играше мечеви со 0-2 гола, ниту еднаш не даде или не прими два гола. Во минатата сезона, двата меча завршија со идентични победи на Севилја од 2-0.

Предлог тип: Х2 & 1-3 гола (1.77)

 

1305 Рајо Валјекано – Барселона (19.00 часот)

Малиот мадридски клуб има два порази во последните три кола, но тоа важи и за Барселона, па во моментов Рајо е пред Барса на табелата, иако Каталонците имаат и еден меч помалку. Рајо сезонава има само едно реми. Средниот ред на Барселона ќе биде без Педри и Де Јонг, а во нападот ќе го нема Ансу Фати. Двата тима не играле нерешено уште од септември. Традицијата е на страната на Барса, која ги доби последните 14 меѓусебни дуели против Рајо. Клубот на Столе Димитриевски 19 години не знае за победа над Барса, но сезонава ги доби сите домашни мечеви и редовно дава барем два гола.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

3009 Лацио – Фиорентина (20.45 часот)

Лацио е тим со поефикасен напад, но и послаба одбрана од Виолетовите. Фиорентина сезонава уште не одиграла нерешено, иако поминаа девет кола. Римјаните од декември минатата година не загубиле на „Олимпико“ во лигашки меч. Последните три гостувања на Фиорентина кај Лацио завршија со минимални победи на домашните. Фиорентина пет години не славела на гостување кај Лацијалите, кои ќе сакаат да се извадат за дебаклот кај Верона.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

1110 Вест хем – Манчестер сити (20.45 часот)

Ова е меч од осминафиналето на Лига купот на Англија. Двата тима во меѓусебниот дуел влегуваат со победи на последните три меча, па само за еден тим убавата низа без пораз ќе продолжи. Вест хем се мачи против Граѓаните, во Лондон, Чеканите не победиле против овој гостин уште од 2014 година. Наша прогноза е дека и двата тима ќе дадат гол, исто како што беше последното гостување на Сити кај Вест хем во октомври 2020 година, кога средбата заврши 1-1.

Предлог тип: ГГ (1.74)

- Оглас -

Најнови вести