Лацио не го повтори чудото во Рим, Аталанта си остана машина за голови (Видео)

Аталанта остана вистинска машина за голови, а и вечерва избраниците на Џампјеро Гасперини беа суперефикасни и славеа во Рим против Лацио со 4:1.

По првото полувреме беше 3:0 за гостите од Бергамо, идентично како и лани, кога Лацио приреди подвиг и со три гола во вториот дел освои бод со реми 3:3.

Госенс, Хатебур и Гомес ја изрешетаа мрежата на Лацијалите во првото полувреме, а кога Каиседо погоди за 1:3 во 57-мата минута, се врати надежта на домаќините за реприза од ланскиот меч.

Сепак, Гомес со уште еден погодок во 61-вата минута ги разби сите шанси на Лацио за ново чудо во Рим против Аталанта, а гостите во импресивен стил ја забележаа и втората победа во Серија А и повторно на гостински терен, по триумфот на премиерата со 4:2 против Торино.

- Оглас -

Најнови вести