Лацио нема да дозволи Рим да се обои во црвено!

3001 Лацио – Рома (20:45 ч.)

Дербито на Рим секогаш било интересно и непредвидливо. Во последните девет меѓусебни средби, билансот е 3-3-3. Двата клуба имаат по три победи, а исто толку средби завршиле нерешено.

Од екипите кои се во првиот дел од табелата, токму Рома и Лацио ги имаат најслабите одбрани. Волчицата има примено 26 гола во 17 меча, а одбраната на Небесносините е за еден гол подобра. Лацио полека влегува во форма, но факт е дека Рома има само два порази во последните 10 средби.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.92)

 

1801 Унион Берлин – Баер Леверкузен (20:30 ч.)

Пет меѓусебни меча и пет победи на Баер Леверкузен е податок кој ги прави гостите да бидат фаворити. Во тие пет дуели имало вкупно 21 гол, што покажува дека се игра отворено.

Сепак, Унион Берлин сезонава игра одлично и не случајно е на петото место на табелата само со два порази од 15 кола. На теренот на Унион Берлин загуби Борусија со 1:2, а шампионот Баерн Минхен одигра само 1:1. Овие резултати се потврда дека домаќините се многу опасни и сигурно нема да се предадат ни против Фармацевтите.

Предлог тип: ГГ3+ (2.20)

 

1701 Монпелје – Монако (21 ч.)

Двете екипи во сосема различно расположение го очекуваат овој меч. Домаќините се во очајна серија и во последните пет кола имаат освоено само два бода. Монако влезе во добар ритам и освои 10 од можните 12 бода на последните четири дуели.

Иако е во горниот дел од табелата, Монпелје е тимот со четвртата најслаба одбрана во лигата. Ни Монако не може да се пофали со добра дефанзивна линија, па реално тука може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.97)

 

1537 Порто – Бенфика (22 ч.)

По 13 одиграни кола, двата тима имаат по 31 освоен бод, а само гол-разликата го прави Порто да е подобро пласиран. Сепак, двете екипи заостануваат четири бода зад лидерот Спортинг, па сигурно ремито е непосакуван резултат вечерва.

Порто на свој терен има шест победи во седум дуели, а Бенфика е со само еден неуспех од шест гостувања сезонава. Меѓусебните дуели покажуваат дека Порт победил на последните четири дерби-средби, а и денеска е фаворит.

Предлог тип: 1 (2.13)

 

1655 Ојпен – Андерлехт (20:45 ч.)

Андерлехт веќе заостанува 10 бода зад лидерот Бриж и полека може да се прости од трката за титулата. Ојпен е тим кому приоритет му е да обезбеди опстанок во елитата. Само со девет освоени бода во девет меча на свој терен, Ојпен е вториот најслаб домаќин.

Сепак, ни Андерлехт не може да се пофали со гостинските дуели и има само две победи во 10 средби, но сега е фаворит.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести