Лацио си го компликува пласманот во ЛШ, Илиќ стрелаше за победа на Торино (Видео)

Екипата на Лацио доживеа изненадувачки пораз на домашен терен од Торино со 0-1. Единствениот гол на натпреварот беше дело на српскиот интернационалец Иван Илиќ во 43-тата минута.

После поразот од Торино, Лацио останува на втората позиција на табелата во Серија А со 61 поен, осум повеќе од петтопласираниот Милан, но екипата од Рим сега има натпревар повеќе и оваа предност може дополнително да биде намалена, бидејќи Милан утре ќе има навидум лесна задача против Лече на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести