Лацио, Вилјареал и Тричковски елиминирани од Конференциската лига

За Лацио, Вилјареал, АЕК Ларнака и Шериф завршија настапите во Конференциската лига.

Римските Орли исто како дома, и на гости загубија од АЗ Алкмар со 1-2, Ница без проблеми го совлада Шериф со 3-1, Вест хем го разби АЕК Ларнака со 4-0 (Иван Тричковски не влезе во игра), а изненадување е поразот на Вилјареал пред своја публика од Андерлехт.

Првиот меч во Белгија заврши 1-1, а вечерва Жолтата подморница, која во многу наврати изненадувала фаворити, овој пат осети како е да се загуби од аутсајдер и беше потоната со голот на Слимани.

- Оглас -

Најнови вести