Лаутаро Мартинес го чува Интер на врвот од Серија А (Видео)

Екипата на Интер ја забележа и трета победа во низа во италијанската Серија А и останува осамена на врвот од табелата. Најнова жртва на клубот од Милано беше екипата на Аталанта, која беше совладана со 2-1 на гостински терен.

Интер поведе преку Чалханогло од пенал во 40-тата минута, а на 0-2 зголеми одличниот Лаутаро Мартинес, кој го постигна 12-тиот погодок на 11-тиот меч оваа сезона.

Почесниот погодок за домашната екипа беше дело на Џанлука Скамака во 61-вата минута.

Интер со оваа победа останува осамен на врвот од табелата во Серија А со 28 бодови.

- Оглас -

Најнови вести