Лавовите ќе ја бранат својата територија од практичниот Вардар

Денешните два натпревари од Првата македонска фудбалска лига носат битка на тимови од средниот дел на табелата, и победниците ќе фатат приклучок кон врвот, додека поразените ќе се најдат во непријатна положба. Дуелот на Македонија Ѓорче Петров и Вардар е своевидно градско дерби, а истотака од 15.30 часот на сосема другата страна на Скопје, на стадионот во населбата Маџари, играат Работнички против Струга Трим Лум.

Лавовите уште од 2009 година не знаат за победа на свој терен во првенствен меч против најтрофејниот клуб. Можеби сега им е шанса да го разбијат малерот, но Вардар покажа дека знае да биде незгоден, и практичен. Црвено-црните кои имаат сосема нов тим во однос на минатата сезона и подоцна почнаа со подготовки, на петте меча сезонава дадоа само три гола, а имаат 7 бода на своето конто на табелата.

Квотите во Sport Life го фаворизираат домашниот тим, па останува да се види како ќе заврши битката на два тима кои имаат по една победа, пораз и нерешено во последните три кола.

- Оглас -

Најнови вести