Лавовите на Стефан Ристовски се без пари, на Спортинг му се заканува банкрот

Спортинг Лисабон е во сериозна финансиска криза и ако не најде начин да ги подмири долговите од 41 милион евра до јуни, може да банкротира и да биде преселен во понизок ранг.

Португалскиот гигант со 18 шампионски титули има вкупен долг од 65 милиони евра, а не може да го реши со продажба на играчи, барем не до јуни. Критични се 41 милиони евра кои доспеваат за наплата до 30-ти јуни, пренесува „А Бола“.

Во долгот има неподмирени плати и кон играчите, а меѓу нив е и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски. Десниот бек на Спортинг е во друштво на „лавовите“ од август 2017 година и е стандарден во првата постава.

Со Спортинг, Ристовски освои два трофеи во Лига купот на Португалија. Клубот е основан во 1906 година и е еден од најстарите во Европа.

Спортинг ја има и една од најпознатите младински Академии, од која излегоа врвни фудбалери од калибарот на Кристијано Роналдо, Нани, Луиш Фиго, Рикардо Кварежма, Пауло Футре, Симао Саброса… Моментно член на младинскиот тим на Спортинг е и нашиот талент Димитар Митровски.

- Оглас -

Најнови вести