Лавовите од Ѓорче Петров му го исполнија сонот на Кико: Желбата од детство стана реалност, ќе игра во Европа со матичниот клуб

Кристијан Стојковски го продолжи договорот со Македонија Ѓорче Петров и ќе игра за популарните Лавови во европските купови и на домашната сцена во следната сезона.

Популарниот Кико е дете на клубот од Ѓорче Петров и вели дека конечно му се исполнува детскиот сон да игра за Македонија во еврокуповите.

„Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од моето детство и брзо се договоривме со раководството на Македонија Ѓорче Петров за нов договор. Како и секогаш ќе давам максимум и следната сезона да биде успешна и за мене и за клубот“, вели Стојковски.

Претходно ѓорчепетровци ги продолжија договорите и со тренерот Маурем Бајрами, со голманот Христијан Стевковски и со Филип Мишевски.

Македонија Ѓ.П. е актуелен освојувач на пехарот во Купот на Македонија и ќе не претставува на европската сцена заедно со шампионот Шкупи и со Академија Пандев и Шкендија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести