Лавовите од „Жерлан“ предат како мачиња пред Барселона

Хелсинки – Хонка (16 часот)

Двете екипи имаат долга традиција на многу ефикасни меѓусебни дуели. Последниот заврши без голови, а претходните 11 беа со гол-гол, најчесто и гарнирани со три или повеќе голови.

Ова е меч од финскиот Куп, се игра фаза по групи, а и двете екипи бијат битка за пласман понатаму во нокаут-фазата. Малку е надвор од ритам за двете екипи бидејќи новото првенство во Финска почнува на трети април, па сега за загревање и за одржување на форма се мечевите во Купот.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)

 

Квинс парк ренџерс – Вест Бромич албион (20.45 часот)

Популарниот КПР нема победа од Боксинг деј, што значи дека избраниците на Стив Мекларен не прокнижиле три бода на новогодишното салдо. По серијата од пет порази и седум без победа, се тресе „столчето“ на поранешниот англиски селектор.
Мекларен дојде во КПР за да се обиде да го врати клубот во Премиер лигата, но како што му оди, треба да биде среќен што клубот сепак има солидна залиха од 10 бода во однос на екипите од опасната зона за испаѓање.

ВБА е во чуден тренд во 2019 година. Победува на гостински терен и не може никого да надигра на својот „Хоторнс стадион“ во Бирмингам.

Типуваме дека Вест Бромвич ќе ја продолжи серијата гостински победи, што може да доведе и до смена на Мекларен кај КПР.

Предлог тип: 2 (2.42) Супер Тип 

 

Сандерленд – Гилингам (20.45 часот)

Сандерленд има низа од три нерешени, а главните конкуренти за директен пласман во Шампионат лигата, Лутон и Барнсли победуваат во серија.

Сандерленд беше прв фаворит за промоција во повисок ранг, во составот има фудбалери со искуство од Премиер лигата, но не игра добро. Сепак, денеска е да се биде или не за популарните „црни мачки“, а победата е императив ако сакаат да фатат приклучок во битката за двете први позиции во Лига еден.

Гилингам полесно игра против Сандерленд како гостин отколку на домашен терен и има едно реми и минимален пораз на „Стадионот на светлината“ во Сандерленд и три убедливи порази како домаќин. Традиција која не ветува ништо добро за гостите.

Предлог тип: 1&3-6 (2.45)

 

Ливерпул –  Баерн (21 часот)

Да се играше двомечот во 2018 година, Ливерпул според формата ќе беше голем фаворит против Баерн, но сега работите доста се променија.

„Баварците“ се размавнаа, се разбудија и со 10 победи на последните 12 меча речиси ја стигнаа Борусија Дортмунд во трката за титулата во Бундеслигата. Ја минаа фазата по групи во ЛШ без пораз и имаат еднакви шанси како и Ливерпул да минат понатаму во ЛШ.

Ливерпул е во поинаков тренд, прокоцка огромна бодовна предност во Премиер лигата, па сега шампионот Манчестер сити е фаворит за титулата.

Дуелите меѓу англиски и германски екипи имаат посебен шарм, ова е вистински фудбалски класик на две екипи кои комбинираат 10 европски круни, по пет рамноправно.

За Ливерпул вечерва нема да играат Ван Дајк, Окслејд-Чембрлен и Гомез, а неизвесен е настапот на Фирмино и на Ловрен. Кај гостите од Минхен нема да играат Боатенг, Милер, Робен и Толисо, а неизвесни се Горецка и Рибери.

Предлог тип: 1Х&3-6 (2.50)

 

Лион – Барселона (21 часот)

На Барселона потполно ѝ одговара стилот на игра на Лион, а „лавовите“ од „Жерлан“ сè уште немаат победа против шпанскиот гигант во меч од Лигата на шампионите.

Лион само двапати успеа да ремизира против Меси и дружината и трипати беше елиминиран од Барселона, комбинирано со 4 порази на шестте дуели во ЛШ.

И вечерва гостите се фаворити, имаат подобар состав, но Лион знае да се закани и да биде незгоден за фаворитите, особено на својот стадион.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.95)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести