Лавовите сакаат да играат фудбал, но велат НЕ за Лига без испаѓање

Македонија Ѓорче Петров сака на фудбалски терен да се решат сите дилеми во продолжението на сезоната, што веќе е извесно, но не сакаат да се доигра сезоната без испаѓање од Првата лига.

Токму за тоа второ од понудените три сценарија гласаа грото од клубовите во Првата македонска фудбалска лига, што е и чудно.

Да се игра плејаут како што налага сценариото што го одбраа прволигашите, а да нема испаѓање е многу контрадикторно бидејќи токму и затоа е измислен и воведен системот што се нарекува плејаут.

Против оваа идеја беше и уште еден поранешен првак на Македонија, Силекс, кој заедно со Лавовите од Ѓорче Петров ја освојувал шампионската круна во ПМФЛ.

Предлогот е никој да не испадне од најквалитетната македонска фудбалска лига, а таа да се прошири најмалку за уште два клуба, со што од идната сезона би имало 12, наместо сегашните 10 прволигаши.

- Оглас -

Најнови вести