Лазаров и Нант не успеаја, Барса против Алборг во финалето на ЛШ

Барселона го победи Нант со 31-26 во второто полуфинале во ракометната Лига на шампиони, и ќе игра во финалето против сензацијата Алборг кој е прв дански тим што дошол до финалето.

Кирил Лазаров кој е играч на Нант, против неговиот поранешен клуб даде два гола, и тоа му помогна повторно да избие на чело на најдобрите стрелци во историјата на фајнал-фор турнирите во ракометната ЛШ. Барселона има неверојатна сезона со 59 победи на 59 меча во сите натпреварувања, и им фали еден триумф за историја.

- Оглас -

Најнови вести