Лазаров: И пријателските мечеви се важни, победите ја креваат самодовербата

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Маврово го игра првиот од двата контролни натпревари против Кувајт. Предводникот на македонскиот тим, селекторот и капитен Кирил Лазаров, нема да ги има на располагање Пешевски, Миркуловски и Кузмановски, кои настапуваат во Бундеслигата, тие треба да се приклучат задутре.

„Секогаш сакаме да победиме, без разлика дали станува збор за официјален или пријателски натпревар. Победите ја креваат самодовербата кај играчите, но на овие контролни мечеви ќе испробаме многу играчи, ќе ги тестираме младите, да видиме кој колку може да одговори на потребите кои ги имаме за Европското првенство. Секој тренинг е важен, секој меч е важен, особено за помладите кои треба да покажат дека се спремни за големиот предизвик, играње во една тешка група на ЕП“, вели Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести