Лазаров: Кога играме ние, противничките голмани секогаш се најдобри

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров потенцираше дека и против Русија се повторил еден проблем кој се провлекува и од претходните средби, а тоа е да се промашува од зицер позиции. Голманот на Русија, Виктор Киреев имаше 20 одбрани и беше прогласен за играч на мечот.

„Ни се повторуваат некои работи од порано. Секогаш противничкиот голман е најдобриот играч на мечот. Тоа се случи и против Русија. Киреев беше најдобар. Доаѓавме до шанси, но не реализиравме. Имавме игра имавме се, но Русија е квалитетна селекција, не е срамота да се загуби од нив. Загрижува тоа што доаѓаме во позиција да реализираме, но не погодуваме. “, рече по мечот капитенот на Македонија, Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести