Лазаров најави дека Македонија ќе игра нов, модерен ракомет

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска ја имаше првата прозивка на репрезентативците пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2024 и дуелите со Луксембург и Турција.

Македонија в среда на стартот од квалификациите ќе го пречека аутсајдерот во групата, Луксембург, по што на 15 октомври, ракометарите и гостуваат на Турција.
Во квалификациите, Македонија ќе врти нов лист бидејќи репрезентативната кариера ја завршија Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски.

„Допрва ќе ја видиме ситуацијата во репрезентацијата. Треба да се нагласи дека ова е нова репрезентација на Македонија, сосема различна од претходната. Еве тука сме без Миркуловски, Стоилов, Лазаров, доста сме подмладени со неколку поискусни играчи кои што биле дел од оваа репрезентација, но тоа се играчи кои немале некоја позначителна улога. Секогаш биле тие што помагале, кои биле додадена вредност, но немале главна улога. Го селектирав овој список да можеме да градиме еден нов систем кој веќе го градиме, да го доградиме. Имаме добра репрезентација, играчи кои преферирам да играат во два правци и ќе пробаме да играме еден нов, модерен ракомет. Нема да биде исто, ќе се обидеме да го смениме и системот и начинот на игра“, изјави Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести