Лазаров направи две измени, „отпиша“ ракометар кој даде четири гола против Норвешка

Селекторот Кирил Лазаров направи две измени во однос на играчкиот кадар кој настапи против Норвешка, па вечерва против Холандија ќе ги нема Томислав Јагуриновски и Костадин Петров, додека деби на СП 2023 ќе имаат Давид Савревски и Павле Атанасијевиќ.

Јагуриновски се повреди на првиот меч завчера и не може да игра, па дополнително беше повикан Савревски, а отсуството на Петров е мало изненадување, со оглед на тоа дека тој даде четири гола против Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести