Лазаров: Не очекував дека ќе биде толку тешко

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од тешко стекнатата победа над Естонија, но потенцираше дека мора да играме подобро на следните натпревари.

„Сите сакаме победи, но тоа треба да се одработи на терен, особено со менталитет како нашиот. Повикав на внимателност, но не очекував дека ќе биде толку тешко. Естонија покажа дека игра модерен ракомет, а ние можеме и мораме подобро. Покажавме еден нов стил на игра и ова ќе биде една добра опомена пред дуелот со Литванија. Ќе мора подобро да се подготвиме, иако и сега направивме добри анализи. Тежината на националниот дрес е голема, а ние мора да научиме да се носиме со тоа. Задоволен сум од победата и начинот на кој победивме. Естонија е шутерска екипа и тоа се потврди. Пресудно беше што подигнавме ниво на игра кон нивниот најдобар ракометар. Изнудивме некои шутеви со полуконтра и дојдовме до посакуваното. Мислам дека Литванија е поквалитетен ривал, барем за 30-40%, па затоа ќе ни треба добра подготовка за да одиме на победа“, рече Лазаров по триумфот над Естонија.

- Оглас -

Најнови вести