Кирил Лазаров го објави поширокиот список со репрезентативци за дуелите со Луксембург и Турција во квалификациите за настап на Европското првенство во 2024 година.
На него има дури 35-мина ракометари, а натпреварите треба да се играат на 12 октомври во Скопје со Луксембург и на 16 октомври во Ван како гости на Турција.
Шампионатот ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари во 2024 година.