Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги одбра 18-темина играчи на коишто смета за двете контроли во Солун против Грција.
За пресметките со јужниот сосед, Лазаров ги повика следните ракометари:
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски
СРЕДНИ БЕКОВИ: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Томи Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски
ДЕСНИ КРИЛА: Ненад Костески, Никола Костески
ЛЕВИ КРИЛА: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ
КРУЖНИ НАПАЃАЧИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.