Лазаров: Задоволен сум, имаме реални шанси да се пласираме на ЕП, но не смееме никого да потцениме

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, е задоволен од противниците кои ракометарите ги добија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Македонија ќе игра во групата 1 против селекциите на Словенија, Литванија и Естонија.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Во ниту еден случај не смееме да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија, додека со Словенците ќе пробаме да извојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим којшто успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“, изјави Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести