Одиме во Скандинавија: Македонија доби поволна ждрепка за квалификациите за ракометното ЕП 2026!

Машката ракометна репрезентација на Македонија имаше среќа на денешната ждрепка за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Ривали на патот до ЕП ќе ни бидат, Словенија, Литванија и Естонија. На ЕП одат првите две од групата,и четири најдобри третопласирани од осумте квалификациски групи.

Словенија ќе биде фаворит, а Литванците и Естонците не играа на ЕП во Германија, местото во квалификациите го обезбедија преку претквалификации.

Место на ЕП имаат обезбедено трите земји домаќини, плус европскиот првак Франција.

- Оглас -

Најнови вести