Лаже заврши на „Луж“, Орлите сакаат Покетино да ги врати во спокоен лет

Бруно Лаже ја заврши одисејата на „Луж“ во Лисабон и сигурно ќе биде сменет, а Бенфика се обидува да го донесе Маурисио Покетино, како нов тренер и долгорочно решение на кормилото на најтрофејниот португалски клуб.

Популарните Орли се обидоа да го вратат Жорге Жезус, но тој ги одби и останува тренер на Фламенго, па сега нова мета им е поранешниот тренер на Саутемптон и на Тотенхем.

Покетино работеше одлично и во двата англиски клубови и имаше успеси, па има одличен рејтинг. Извесно време е и беа работа, се одмори и Бенфика има шанса да го донесе во своите редови. Особено што португалските медиуми објавија дека ќе му понуди рекордна плата, што досега ја немал ниту еден тренер на 37-кратниот португалски шампион.

Бенфика тешко ќе стаса до 38-та титула, бидејќи игра слабо во пост-корона ерата и со само една победа, две нерешни и еден пораз заостанува зад Порто за три бода на шест кола до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести