Леброн збесна кога виде дека не добил ниту еден глас за најдобар играч во НБА

Во САД беше направена анкета во пресрет на новата сезона во НБА-лигата, во која десет скаути на телевизијата ЕСПН и извршни директори на НБА клубови одговараа на прашањето кој е најдобар кошаркар во лигата. По петмина гласаа за Јанис Адетокумбо и Кевин Дурант, ниту еден друг кошаркар не доби глас.

Овие резултати од гласањето не му се допаднаа на Леброн Џејмс, па ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс преку социјалните мрежи испрати неколку иронични пораки до тие што не му дадоа глас. Тој најавува дека ова само ќе го мотивира.

 

- Оглас -

Најнови вести