Леброн Џејмс – Прв активен кошаркар-милијардер

Леброн Џејмс и официјално стана првиот активен кошаркар-милијардер, објави „Форбс“. Еден од најдобрите на сите времиња се приклучи на великаните Мајкл Џордан и Коби Брајант, кои пак до заработката од над една милијарда долари стигнаа по завршувањето на професионалните кариери.

Популарниот Крал во 19 сезони во НБА-лигата инкасира 385 милиони долари настапувајќи за Кливленд, Мајами и ЛА лејкерс, додека повеќе од 900 милиони долари заработи преку инвестиции во различни бизниси.

Овие цифри го приближуваат Џејмс да си ја оствари желбата еден ден да биде сопственик на франшиза во најдобрата кошаркарска лига во светот. Инаку, Леброн веќе е акционер на неколку спортски колективи во бејзбол и хокеј, а поседува акции и во англискиот вицешампион Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести