Леброн Џејмс убедливо најнепопуларен спортист на светот

Според резултатите од испитувањето на една аналитичка агенција, кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, е најнепопуларниот спортист на светот, или поточно кажано, навивачите најчесто го „хејтаат“ и даваат негативни коментари за него на социјалната мрежа „Твитер“. Резултатите покажуваат дека веројатно се земале во предвид коментари од американски корисници на социјални мрежи.

Џејмс е лидер со 122.568 негативни коментари во периодот од јуни 2020 до јуни 2021. Далеку зад него, на второ место е англискиот фудбалер Маркус Рашфорд со 32.328, и ова претставува мало изненадување. Трети е ѕвездата на НФЛ лигата во американски фудбал, Том Брејди. Потоа следуваат Кевин Дурант (кошарка), Буба Волас (НАСКАР), Демиен Лилард (кошарка), Тревор Бауер (бејзбол), Кристијано Роналдо (фудбал), Стеф Кари (кошарка) и Месут Озил (фудбал).

Ова се популарни спортисти кои имаат и огромен број следбеници, Кристијано е најпопуларен човек на светот според бројот на следбеници, но секако медалот ја има и својата задна страна, па популарноста придонесува многу луѓе да не ве поднесуваат.

- Оглас -

Најнови вести