Леброн Џејмс влезе „во војна“ со претседателот Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп е лут и разочаран затоа што кошаркарите во НБА лигата клекнуваат додека се интонира државната химна пред секој меч. Со клекнувањето, кошаркарите даваат поддршка на иницијативата „И животите на црните луѓе се важни“. Оваа иницијатива доживеа глобална популаризација откако еден полицаец го загуши црномурестиот Џорџ Флојд, додека човекот молеше да му дозволи да дише.

Трамп вели дека секогаш кога ќе види како кошаркарите клечат на химната, воопшто не сака да го гледа мечот.

„Мислам дека тоа е срамота. Напорно соработувавме со кошаркарите за да може да продолжи лигата со натпреварувањето. Се заложив за нив, а потоа гледам како клечат на химната. Тоа не е прифатливо. Кога ќе видам како луѓето клечат за време на интонирањето на химната, тие не го почитуваат нашето знаме и националната химна. Тогаш воопшто не го гледам тој меч“, рече Трамп.

На оваа изјава на претсеадтелот на САД, со реакција веднаш се јави првата ѕвезда во НБА, Леброн Џејмс.

„Се обидувате да ме насмеете? Навистина не мислам дека кошаркарската заедница е тажна затоа што тој веќе решил да не гледа кошарка. Тоа е се што можам да го кажам“, возврати Џејмс.

Лос Анџелес лејкерс ноќеска загуби од Оклахома со меч на кој Џејмс имаше очаен шут од поле, а еден од главните фаворити за титулата, постави неславен рекорд сезонава. 

 

- Оглас -

Најнови вести