Леброн го помина Џордан и на вечната листа за слободни фрлања

Леброн Џејмс реализира две од вкупно четири слободни фрлања кои ги изведе во победата против Феникс, што беше доволно за да го помине Мајкл Џордан на вечната листа за погодени пенали во НБА-лигата.

Кралот сега е петти со 7.328 реализирани слободни, има едно повеќе од легендата на Чикаго булс, а пред него се само Оскар Робертсон, Коби Брајант, Мозес и Карл Мелоун.

- Оглас -

Најнови вести