Леброн и со ЛА Лејкерс му покажа сила на шампионот (Видео)

Леброн Џејмс уште еднаш покажа дека ќе биде голем проблем за актуелниот НБА шампион Голден Стејт. Џејмс летово го смени тимот и наместо во дресот на Кливленд, сега ги напаѓа „воините“ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. На дуелот кој утрово се одигра во Лас Вегас, Лејкерс победи со 123:113.

Иако ова беше само еден претсезонски дуел, на теренот играчите во голем дел од играта делуваа како да се борат за плеј-оф победа. Во првата четвртина двата тима се менуваа во водство, а Лејкерс го засили темпото во втората четвртина, па на полувреме имаше предност од 61:57. Во третата четвртина предноста беше зголемена на девет поени (101:92), а во последните 12 минути не му дозволија на шампионот да се понадева дека може да направи пресврт.

Леброн Џејмс помина нешто помалку од 18 минути на теренот и даде 15 поени, а имаше и 10 скока и 5 асистенции. Брендон Инграм со 26 поени беше прв стрелец во победничкиот тим со 26 поени. Кај Голден Стејт повторно ќе доминира триото Кари-Томпсон-Дурент. Стеф Кари даде 23 поени, Клеј Томпсон додаде 20, а Кевин Дурант запиша 18 поени, но сето тоа се покажа како недоволно да се победи Лејекрс со Леброн во тимот.

Во останатите мечеви кои се играа утрово: Детроит – Вашингтон 97:102, Орландо – Мемфис 102:86, Торонто – Бруклин 118:91, Аталанта – Сан Антонио 130:127, Мајами – Њу Орлеанс 140:128, Чикаго – Индијана 104:89 и Портланд – Феникс 116:83.

 

- Оглас -

Најнови вести