Леброн игра како да е тинејџер и бележи само трипл-дабл (ВИДЕО)

Изминатава ноќ во НБА имаше само шест натпревари, а дефинтивно меѓу најинтересните беше Лос Анџелес лејкерс и Орландо меџик, каде што домашните победија со 106:94.

Предводник, како и досега многупати во својата кариера, беше кој друг ако не Леброн Џејмс.

Популарниот крал го забележа третиот трипл-дабл за оваа сезона, и тоа со 30 коша, 11 скока и десет асистенции.

Леброн игра како да е тинејџер и ужива во кошаркарата како млад кошаркар, а не како кошаркар кој ја игра деветнаесеттата сезона во најсилната кошарска лига во светот.

НБА

Њујорк никс –  Милвоки бакс 97:112

Детроит пистонс – Бруклин нетс 104:116

Оклахома сити тандер – Далас маверикс 84:103

Сан Антонио спарс – Њу Орлеанс пеликанс 112:97

Портланд трејлблејзерс – Минесота тимбервулфс 111:116

Лос Анџелес лејкерс – Орландо меџик 106:94

 

- Оглас -

Најнови вести