Леброн: Јокиќ е еден од најголемите генијалци во историјата на кошарката

Ѕвездата на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс, упати големи комплименти за кошаркарот на шампионот Денвер нагетс, Никола Јокиќ.

Џејмс во поткастот кај поранешниот кошаркар Џеј Џеј Редик, зборуваше колку е важна кошаркарската интелигенција за играта на секој НБА-тим и Јокиќ го нарече од најинтелигентните кошаркари во историјата на кошарката.

„Најдобрите четири екипи се тие со најдобри играчи и најдобри тренери. Тоа што ќе ги разликува е кошаркарската интелигенција бидејќи постојат моменти во играта за кои тренерот не може да ве подготви, ниту видеоснимките не можат да ве подготват, ниту историјата не може да ве подготви, туку морате да имате кошаркарската интелигенција за такво нешто. Доколку го немате тоа ниво на ментален склоп или капацитет, тогаш тим како Денвер, кој го има еден од најголемите кошаркарски генијалци во историјата Јокиќ, Голден стејт со Дрејмонд и со Стеф…

Таквите работи помагаат, верувам дека кога Голден стејт го победи Бостон во финалето, сè се сведе на кошаркарската интелигенција бидејќи според мене, Бостон беше поталентиран тим. Луѓето велат искуство, но кошаркарската интелигенција е клучна за успесите“, рече Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести