Леброн од возбуда што ќе се сретне со Дончиќ за Божиќ, не спиел цела ноќ

Дерби-натпреварот меѓу шампионот ЛА лејкерс и Далас маверикс (02 часот), односно дуелот меѓу Леброн Џејмс и Лука Дончиќ што ќе се одвива на паркетот во „Стејплс центарот“, дефинитивно ќе биде најпроследен меч од Божиќниот маратон во НБА-лигата.

По деветти пат во кариерата, словенечката сензација ќе се сретне со својот идол, од кого редовно добива пофалби за пробивањето во НБА-лигата и фактот што Дончиќ стана еден од најдобрите и најпопуларните кошаркари во светот.

Кралот шестпати славеше триумф против Дончиќ, а на ден пред натпреварот на социјалните мрежи истакна колку е возбуден што ќе се сретне со Словенецот за време на Божиќниот маратон, дотолку што не можел да заспие.

https://twitter.com/KingJames/status/1342290357850009602

Сепак, ние веруваме дека Џејмс добро се одморил во пресрет на натпреварот, со цел да се искористат понудите што ги нуди Sport Life за обложување на кошаркари од најсилната лига на планетата. Се бара учинок од минимум 24 поени на Леброн за квота 1.87, или најмалку 8 скока за 1.75 коефициент, а ист учинок се бара и во асистенции за што се нуди 1.80 коефициент.

Четиркратниот првак е еден од 68-темина кошаркари кои се во понудата за обложување во поени, асистенции, скокови, како и тројната комбинација на трите статистики за индивидуалци.

Нормално, достапни за типување се и петте натпревари од маратонот кој почнува во 18 часот, со дуелот меѓу Мајами и Њу Орлеанс пеликанс. Милвоки и Голден стејт е второто големо дерби кое е закажано за 20:30 часот, додека во 23 часот Бостон го пречекува силниот Бруклин предводен од Дурант и Ирвинг.

По Лејкерс – Далас (02 часот), маратонот го комплетира западното дерби меѓу Денвер и Клиперс.

- Оглас -

Најнови вести