Леброн одигра симултанка, но ќе ја памети долго рампата на Мичел (Видео)

Леброн Џејмс одигра симултанка против Јута Џез и беше најдобар поединец во победата на Лос Анџелес лејкерс, но и ќе ја памети бананата што му ја залепи Донован Мичел.

Џејмс постигна 32 поени, имаше 10 асистенции и 7 скока, но флеш момент на мечот беше рампата што ја доби од Донован Мичел. Од зад грб бекот на Јута атрактивно му залепи банана од табла на најдобриот поеединец на мечот, што го добија Лејкерс со 95:86.

Погледнете го атрактивниот потег на Мичел и рампата во дуелот со Леброн.

- Оглас -

Најнови вести