Леброн сака да биде како Меџик, со 203 сантиметри ќе игра плејмејкер

Реновираниот Лос Анџелес лејкерс во претстојната сезона во НБА-лигата ќе има нов стартен плејмејкер, Леброн Џејмс. Крилото кое ќе ја игра својата 17-та сезона во НБА има намера да биде нејзин организатор и да тргне по стапките на една од најголемите легенди на Лејкерс, Меџик Џонсон, кој беше првиот плеј во историјата повисок од два метри.

Џејмс, кој има 34 години и четири пати бил МВП на сезона, се очекува да биде прв плејмејкер, а на позицијата бек-шутер ќе почнува Дени Грин. Ниско крило ќе биде Кајл Кузма, крилен центар Ентони Дејвис и центар Демаркус Казинс.

Резерви на Леброн ќе му бидат Реџон Рондо, кој е класичен плејмејкер, Квин Кук и Алекс Карузо, а се најавува и Ејвери Бредли. На тренерот Френк Вогел му останува сето тоа да го менаџира и максимално да го искористи знаењето на Џејмс, кој во кариерата повремено има играно како плеј и позната му е улогата и на додавач, освен на главен поентер.

 

- Оглас -

Најнови вести