Леброн вети: На крајот сѐ ќе биде добро

Лос Анџелес лејкерс стартуваше со три порази во новата НБА сезона. Најболен од сите сите три неуспеси беше последниот. Утрово, Лејкерс на свој терен дури по продолжение загуби од Сан Антонио спарс со 143:142.

Првата ѕвезда се само во дресот на ЛА лејкерс туку и во цела лига, Леброн Џејмс од херој се претвори во трагичар на дуелот против Сан Антонио. Најпрво, во регуларниот дел Џејмс постигна тројка во последниот напад и израмни на 128:128, што беше доволно за продолжение.

Во дополнителните пет минути, Лејкерс водеше со 142:138 на помалку од 30 секунди, но загуби. Сан Антонио даде тројка, а потоа Леброн промаши две слободни фрлања. Гостите го реализираа и последниот напад водство од 143:142, а Џејмс ја превзема одговорноста во последниот напад, но промаши и ЛА лејкерс загуби.

„Го посакував тој шут и го добив, но не го реализирав. Имавме шанса, водевме со шест поени на една минута до крајот, но направивме грешки. Неприфатливо е да промашам две слободни фрлања. На крајот го утнав и последниот шут“, самокритичен беше Леброн, кој потоа додаде, дека се ќе биде како што треба.

„Играме се подобро и подобро. Ми се допаѓа начинот на кој играме. Сезоната е долга, иако овбие резултати не се добри, на крајот се ќе биде добро. Кога доаѓав не ни мислев дека ќе биде сјајно“, изјави Џејмс по поразот од Сан Антонио,

- Оглас -

Најнови вести