Легендата која за еден месец ќе полни 41 година е главен ривал на Ферстапен во Канада!

Макс Ферстапен ќе стартува од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Канада во Ф1 шампионатот. Тоа и не е воопшто за изненадување, но за изненадување е фактот дека веднаш до него ќе биде Фернандо Алондо. Шпанецот кој следниот месец ќе полни 41 година, по пауза од речиси 10 години, повторно на една трка ќе стартува од првиот ред.

Алонсо во 2001 година дебитираше во Ф1, а сега по повеќе од две децении, повторно е во трка за победа. Најубавите години во Ф1 кариерата Алонсо ги имаше во 2005 и 2006 година кога ги освојуваше светските титули во најбрзиот спорт во светот.

Шарл Леклер од Ферари кој е најголем ривал на Ферстапен во трката за титулата, ќе стартува од последното место поради дефектот кој го имаше на болидот и работите кои мораа да бидат променети. Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон ќе стартува од четвртото место и сега има добри шанси да се најде на пиедесталот.

Во Sport Life има неверојатно голем избор на игри за Ф1 трката во Канада да ви биде уште повозбудлива за гледање.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести