Легенда на Атлетико ќе започне тренерска кариера во клубот каде што ја почна фудбалската

Диего Форлан, некогашниот голгетер на Атлетико Мадрид, е фаворит да го преземе кормилото на Пењарол, уругвајскиот прволигаш каде што Форлан ја започна фудбалската кариера. За уругвајската ѕвезда ова може да биде прв тренерски предизвик откако ги закачи копачките на клин.

Форлан е миленик на навивачите на Пењарол бидејќи во тој клуб првпат почна да шутира фудбалска топка, а имаше прилика да ги брани нивните бои во залезот на неговата кариера. Напаѓачот, кој своевремено ги бранеше боите и на Манчестер јунајтед, Интер и Вилјареал, веќе одби неколку понуди, како онаа од Индепендиенте да биде технички директор на клубот, бидејќи сака да се проба во тренерскиот занает.

Пењарол е одлична прилика за тоа, клубот кој му ги отвори вратите во фудбалскиот свет, повторно да му излезе во пресрет и да биде отскочна штица за тренерската кариера на Форлан.

- Оглас -

Најнови вести