Легенда на Манчестер јунајтед: Мегваер мора да преземе одговорност за примениот гол

Манчестер јунајтед одигра уште еден разочарувачки натпревар, овојпат на гостински терен против Барнли, меч којшто заврши 1:1.

Иако тимот на Ралф Рангник беше фаворит на оваа средба, сепак, лошата игра на теренот на домаќините им овозможи да се вратат со голот на Џеј Родригес, откако водство за гостите донесе Пол Погба.

А повторно мета на критики е Хери Мегваер, кој што Рио Фердинанд смета дека треба да презеде одговорност за примениот гол и дека тој бил негова грешка.

„Хари треба да биде среќен што остана на теренот по таквата грешка. Ова е уште еден настап којшто ќе сака побрзо да го заборави бидејќи од последното ЕВРО речиси и да нема константно добри настапи“, изјави Фердинанд.

Со овој бод, Манчестер сега има 39 и се наоѓа на петтото место со 23 одиграни натпревари, додека Арсенал има 36 бода и две средби помалку.

- Оглас -

Најнови вести