Легенда на Црвена ѕвезда со шокантна изјава за пожарот во Нотр Дам

Поранешниот легендарен голгетер на белградска Црвена ѕвезда, Душан Савиќ, кој е познат по контроверзните изјави, повторно ја шокираше јавноста откако се огласи по повод страшната несреќа која се случи во Париз и пожарот во познатата катедрала Нотр Дам.

Савиќ на својот профил на Инстаграм објави текст кој ги искритикуваа многумина.

„Гори Нотр Дам во Париз. Французи, дали се сеќавате дека на 11 ноември 2018 година, на 100-годишнината од победата во големата војна, во таа катедрала закачивте знаме на наркотерористичката таканаречена држава Косово. Кој беше покрај вашиот претседател? Јас го видов албанскиот терорист. Затоа, памет во глава, Господ е голем и сè гледа“, напиша Савиќ.

- Оглас -

Најнови вести