Легендарни 15 минути што се случија пред 85 години – Култната Магла не беше на Карпентер, а голманот немаше поим што се случува (Фото)

Историјата на фудбалот е пребогата со интересни моментни, а на еден од незаборавните потсетија Англичаните.

Се случи пред 85 години, односно во 1937 година, а во фокусот на многу необичен начин се најде голманот на Чарлтон Атлетик, Сем Бартан.

Чарлтон му беше гостин на Челзи, а на „Стемфорд bриџ“ имаше магла од која не се гледаше прст пред око.

Мечот беше одложен откако фудбалерите на двата тима излегоа на терен и одиграа одреден дел од мечот, пред судијата да утврди дека нема услови за игра и го прекина натпреварот.

Сите се повлекоа, но го заборавија гостинскиот голман, кој чекаше 15-тина минути на теренот, а беше заборавен од сите.

„Имаше невидена магла и само чув дека судијата даде знак за почеток на мечот. Видливоста малку се поправи, но сè уште беше магливо. Потоа стана и чудно тивко на терен.

Видов човечка фигура како се доближува до мене, по 15-тина минути. Тоа беше полицаец, кој зачудено ме праша: Што правиш тука, мечот е прекинат пред 15 минути. Тогаш разбрав дека нема никој на теренот освен мене и дека сум заборавен од сите во маглата“, објасни тогаш голманот на Чарлтон.

Бартрам е една од легендите на клубот со 579 настапи за Чарлтон, тим што му е единствен за кој бранеше во кариерата.

Почина во 1981 година на 67-годишна возраст.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести